24sedum.net

24 седум вести портал

ВО ЖИBО: Пристигнуваат телата на жpтвите од автобусkата несpеќа во Бугарија

Денеска во Македонија пристигнуваат посмртните останки на починатите од автобуската несреќа во Бугарија.

Тие пристигнуваат на Меѓународниот аеродром Скопје, од каде ќе бидат упатени кон нивните домови и вечни почивалишта.

За граѓаните кои сакаат да оддадат почит, останува можноста тоа да го сторат на плоштадот Скендербег во периодот од 10 до 13 часот.

Сообраќајната несреќа се случи на автопатот „Струма“ во близина на градот Перник во Бугарија кога автобусот на „Беса транс“ – Скопје се враќал од Истанбул. Загинаа 45 граѓани, а седум беа повредени.

 

извор: tv21.mk