
Заев вели дека граѓаните треба да бидат горди затоа што ќе примиме бегалци од Авганистан
Премиерот Зоран Заев денеска изјави дека никој не побарал, туку сами се понудиле да примат бегалци од Авганистан и дека граѓаните на тоа треба да бидат горди.
Вели дека треба да ја поделиме одговорноста, човечноста и хуманоста откако Талибанците го заземаа Кабул.
„Се работи за луѓе кои биле поддржувачи на сојузничките армии, вклучително и на нашата армија во Авганистан. Се работи за миротворици, активисти за човекови, новинари, жени, студенти, интелектуалци, луѓе на кои треба да им помогнеме во услови кога се под страв да им бидат одземени животите“, изјави Заев.
Вели дека Скопје по земјотресот од 1963 година има примено помош од целиот свет и дека Авганистан е еден од првите донатори на Универзалната сала.
Македонија ќе прими 450 бегалци, кои ќе бидат сместени од хотели, мотели, одморалишта.