24sedum.net

24 седум вести портал

Започна средбата Заев – Гаши. Интересно – дали Заев дојде со личноста за која е можна негова замена ?

Дали Димитар Ковачевски ќе биде новиот лидер на СДСМ и нов премиер? Ако се суди по шпекулациите дека премиерот Зоран Заев на средбата со претседателот на Алтернатива, Африм Гаши, попладнево во Клубот на пратеници , а на која треба да се разговара за можноста за приклучување на пратениците на Алтернатива во парламентарното мнозинство и за влез во Владата, ќе се појави со неговиот наследник, тогаш веќе нема дилеми.

Средбата е започната, а Заев на истата дојде со актуелниот заменик-министер за финансии и член на Извршниот одбор на СДСМ, Димитар Ковачевски.

Изминативе денови, во јавноста се шпекулираше дека токму Ковачевски е најсериозен кандидат да го наследи Зоран Заев и на премиерското и на лидерското место во СДСМ. Димитар Ковачевски е син на Слободан Ковачевски екс градоначалник на Куманово, инаку висок член на СДСМ.

Поради инсистирање на матичната партија, поголем број од коалициските партнери и дел од меѓународната заедница, лидерот на СДСМ и премиер, Зоран Заев привремено ги одложи оставките од двете позиции, во исчекувањето на епилогот дали во декември ќе почнеме преговори со Европската унија.